Екс вардарец ќе игра за Мешков Брест

Поранешниот ракометар на Вардар, Вук Лазовиќ, ќе има нов предизвик во кариерата во новата сезона.

Тој потпиша договор со освојувачот на СЕХА трофејот во дивизијата „Исток“ за минатата сезона, Мешков Брест.

Белорускиот првак го загуби на подолг рок Павел Андреев, па бараше ново решение на линијата од шест метри.

Изборот на тренерот Едуард Кокшаров падна на Лазовиќ, кој ќе игра во тандем со Вјачеслав Шумак и Михаил Жила.

Лазовиќ минатата сезона беше дел од Партизан, а претходно играше за Вардар, Кршко, Целје, Либек, Дунареа Калараши…