Тимот на Мелсунген ја продолжи победничката серија во новата сезона од Бундес лигата и сега има пет од пет.
Клубот што го води некогашниот стратег на Вардар, Роберто Парондо, немаше никакви проблеми против Штутгарт.
На пресметката од петтото коло Мелсунген славеше против Штутгарт со осум погодоци разлика, 35-27, а триумфот беше најавен по првиот дел кога беше 22-13.
Седум гола за победникот постигна Мартиновиќ, додека по пет пати стрелаа Игнатов и Јонсон, додека кај Штутгарт пет гола даде Ханус.
Мелсунген сега има десет бодови, додека второпласиран е Фуксе Берлин со осум, но и со меч помалку. Следен предизвик за тимот на Парондо ќе биде гостувањето кај Лемго.