Прославената репрезентативка на Црна Гора, Бојана Поповиќ, повторно ја доби довербата на раководството на Будуќност и во наредните три сезони ќе продолжи да биде тренер на најтрофејниот црногорски клуб.
Поповиќ, која истовремено ѐ и селектор на женската сениорска репрезентација на Црна Гора, кормилото на Будуќност го презеде во текот на 2020 година.
Иако имаше тежок предизвик во првата сезона, бидејќи го наследи искусниот Драган Аџиќ, искусната ракометарка со клубот од Подгорица во претходните три сезони ги оправда очекувањата и имаше неколку забележителни резултати на европска сцена.
43-годишната Поповиќ како играч има дури шест трофеи во Лигата на шампионите, беше дел и од црногорската репрезентација што го освои сребрениот медал на Олимписките игри во Лондон (2012)
Будуќност во новата сезона во Лигата на шампионите е во група заедно со Битигхјам, ЧСМ Букурешт, Дебрецен, Ѓер, Брест Бретањ, Оденсе и Савехоф.
Црногорскиот шампион во првото коло од европската елита на свој терен доживеа пораз од Битигхјам.