Бундеслигашот Кил, кој е еден од ривалите на Еурофарм Пелистер во Лигата на шампионите, денес се пофали со ново име во својот тим.
Дресот на „зебрите“ до крајот на сезоната ќе го носи францускиот репрезентативен голман Самир Беласен.
Французинот во Кил доаѓа од редовите на Данкерк и во актуелниот шампион на Германија ќе биде на позајмица, со оглед на тоа дека има актуелен договор со францускиот суперлигаш.
Кил во претходниот период беше во потрага по квалитетен голман, откако Венсан Жерар заработи повреда и мора да паузира одредено време.
Европскиот гигант првиот дуел со македонскиот шампион ќе го одигра на 27 септември во Битола.