Францускиот Нант објави дека е продолжена соработката со тренерот Грегори Кожан за уште четири сезони.
Кожан минатата сезона седна на клупата на овој тим и потпиша до 2024 година, а раководството очигледно е задоволно од соработката, па уште сега се одлучи да го врзе на долг рок.
Тој е во Нант од 2005 година, а беше тренер на вториот тим, работеше во младинските категории, директор на тренинг центарот на Нант, потоа и асистент тренер во првиот тим.
Нант под негово водство минатата сезона освои два трофеи во Супер Купот на Франција и во Купот на Франција, а до последен момент беше во конкуренција за титулата во првенството.