Поранешниот член на ЦСКА Москва, Игор Радојевиќ, во новата сезона ќе настапува во косовскиот шампионат.
Црногорецот ќе го носи дресот на суперлигашот Раховец и се очекува со своето стекнато искуство да му помогне на амбициозниот тим во остварување на зацртаните цели.
Радојевиќ во минатата сезона настапуваше за црногорскиот шампион Ловќен и откако со клубот од Цетиње не се договори на нова соработка, одлучи да ја прифати понудата од косовскиот тим.
Десниот бек, кој може да одигра и како десно крило, во неговата татковина настапуваше за Беране, Комови, Мојковац и Будуќност.
На интернационално ниво беше дел од босанскиот Извиѓач, Металопластика од Шабац, Макаби Хаифа од Израел, Егер од Унгарија, романска Констанца и ЦСКА Москва.