Португалскиот првак Порто обезбеди место во финалето на Иберискиот Суперкуп турнир, на кој играат по двете најдобри екипи од Португалија и Шпанија.
Порто на македонскиот репрезентативен голман Никола Митревски, славеше против Ла Риоха со 32-26, откако и на полувремето водеше со 17-14.
Ривал на Порто во финалето ќе биде тимот на Барса. Каталонскиот гигант имаше потешка задача и со 37-32 го победи Спортинг Лисабон.
Шпанскиот првак водеше само со еден гол на пауза, 19-18, но во вториот дел успеа да го скрши отпорот на незгодниот португалски тим.
Мечот за третото место меѓу Ла Риоха и Спортинг Лисабон ќе се игра од 12:30 часот, додека финалето е од 15:00 часот.