Долгогодишната репрезентативка на Норвешка и ракометарка на Ларвик, Хајди Локе, го пропушти стартот на домашниот шампионат.
Таа е дел од реално шоу и не можеше да му помогне на тимот кој се соочува со големи играчки проблеми на стартот од првенството.
Ларвик забележа тешка победа против Акер со 27-26, потоа славеше и кај Гјерпен со 28-24, но и покрај тоа главниот тренер Арне Сенстад беше незадоволен од ситуацијата со Локе.
„Мислам дека треба да има некаква реакција од клубот, бидејќи ова е не многу убава ситуација. Уште пред моето доаѓање имало договор за учество во тоа шоу меѓу играчите, телевизијата и клубот. Договорите биле веќе потпишани, и мене ми остана само мирно да ја прифатам одлуката“, вели тренерот на Ларвик за норвешките медиуми.
Локе минатата сезона се врати во Ларвик, откако претходно играше за Сторхамар и Вајперс Кристијансанд, а до 2017 го носеше дресот на унгарскиот Ѓер шест сезони.