Ракометарот од Либан, Али Кобеиси, во новата сезона ќе биде дел од шампионот на Косово, Беса Фамгас.
Кружниот напаѓач Кобеиси има 25 години и во Македонија мина две сезони во кои смени четири клубови.
Либанскиот интернационалец настапуваше за Работнички, за Радовиш, Металург и Скопје, пред да паузира минатата полусезона.
Сега ќе биде дел од косовскиот шампион Беса и освен во домашното првенство, ќе игра во Европскиот Куп.