Ракометарите на Алкалоид со победа го започнаа настапот на 51. издание на традиционалниот турнир во Струга.
Ракометарите на Кире Лазаров во дуелот со српскиот претставник, тимот на Динамо Панчево, триумфираа со 27:23.
Првото полувреме мина во израмнета борба и игра гол за гол, тимот од Автокоманда одигра одлично во последните минути од првиот дел успеа да направи исчекор и да замине на пауза со предност од 12:9.
Македонскиот вицепрвак во вториот беше поконкурентен на теренот, се одлепи на четири до пет гола разлика и до финишот беше во предност.
За ракометарите на Алкалоид следува ден одмор, додека тимот на Динамо Панчево утре го очекува дуел против составот на АЕК Атина.
Алкалоид – Динамо
Дознајте ги сите новости поврзани со 51. издание на турнирот во Струга во специјалниот дел посветен на турнирот на страниците на 24ракомет.
.
.
Следете не на нашите социјални мрежи, на Facebook, и бидете дел од Viber заедницата на 24Ракомет – добивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон!