Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер ја забележа првата победа на ТВ турнирот на шампионите во босанскиот град Добој.
Ракометарите на Александар Јовиќ во рамките од 2. коло забележаа убедлива победа против домаќинот Слога Добој со 39:24.
Домашниот тим издржа само во првите 20 минути, во кои беше рамноправен противник, но во остатокот од дуелот дојде до израз квалитетот меѓу двете екипи.
Еурофарм Пелистер на полувреме имаше предност од 16:12, додека вторите 30 минути беа рутински одработени од страна на македонскиот претставник.
Пелистерци на вчерашниот дуел против актуелниот бранител на титулата, тимот на Ал Ахли, беа поразени со 34:23.
Следен предизвик за македонскиот шампион е дуелот против францускиот Монпелје.