По слободниот ден, денеска продолжуваат натпреварите на Европското првенство за кадетки што се игра во Црна Гора.
Камер Металари ќе биде делегат на две средби. Најпрво на дуелот од 15:45 меѓу Швајцарија и Исланд од разигрувањето за пласман, а потоа од 18:00 часот на балканскиот двобој меѓу Црна Гора и Хрватска.
Даниело Божиновски и Виктор Начевски ќе го судат дербито на денот на континенталниот собир.
Тоа е натпреварот меѓу Унгарија и Данска кој се игра од 18:00 часот и ќе решава за патникот во полуфиналето на ЕП.
Македонија од 13:30 часот ќе се соочи со селекцијата на Норвешка, во битка од разигрувањето за пласман од 9 до 16 место.
Следете не на нашите социјални мрежи, на Facebook, и бидете дел од Viber заедницата на 24Ракомет – добивајте ги сите информации веднаш на вашиот телефон!