Македонскиот шампион Еурофарм Пелистер со победа тргна на пријателските натпревари пред стартот на новата сезона.
Избраниците на Александар Јовиќ славеа против Еурофарм Пелистер 2 со 33-21, откако и на полувремето водеа со пет разлика, 14-9.
Најдобри стрелци беа Петар Атанасијевиќ со осум гола, како и Кисум со четири и Кузманоски и Василев со по три погодоци. Голманите Кизиќ и Лесјак искомбинираа десет одбрани.
Во тимот на Михаил Петровски се истакнаа Петар Маркоски и Богдан Мијушковиќ со по пет гола.
Претходно првакот одигра пријателски дуел против кадетската репрезентација, но тоа беше со комбиниран тим.
Еурофарм Пелистер го чека пријателски натпревари против Охрид и Партизан, а потоа и турнирите во Добој и Охрид пред стартот на новата сезона.