Паниќ од следното лето во дресот на Висла Плоцк

Босанскиот десен бек Марко Паниќ ќе ги напушти редовите на Монпелје и ќе се пресели во полскиот вицепрвак Висла Плоцк, но од следното лето.

Од таборот на клубот од Плоцк објавија дека е постигнат двегодишен договор со репрезентативецот на БиХ.

Договорот на Паниќ ќе стапи на сила од месец јули, 2024 година, и ќе биде со важност до јули, 2026 година.

Од Висла Плоцк информираа дека уште за претстојната сезона го посакувале Паниќ во своите редови, но Монпелје не се согласил 32-годишниот ракометар предвреме да си замине, дури и под услов на откупување на неговиот договор.

Паниќ во Монпелје настапува од сезона 2021/22, но не се прослави многу во францускиот тим. Претходно беше дел од Мешков Брест, Азоти, Шамбери и Борац Бања Лука.

Тренерот на Висла Плоцк, Хавиер Сабате, во новата сезона на позицијата десен беќ ќе го има на рапсолагање само Чехот Томаш Пирох, откако беа раскинати договорите со Давид Фернандез и Урош Митровиќ.