Машката кадетска репрезентација на Црна Гора загуби на последната проверка пред утрешниот старт на Мундијалот во Хрватска.
Избраниците на Драшко Мрваљевиќ беа поразени од селекцијата на Аргентина со 29-19, откако на првиот меч славеа со 27-24.
Црногорскиот селектор ги ротираше ракометарите, криеше адути пред настапот на СП, па затоа не треба овој висок пораз да биде знак дека ќе биде лесно против нив.
Дарко Ѓурковиќ беше најдобар со пет погодоци, а екс вардарецот Андреј Добрковиќ три пати стрелаше во мрежата на Аргентина.
Пресметката меѓу Македонија и Црна Гора на 4 август од 19:30 часот, многумина очекуваат дека можеби ќе биде клучна за вториот патник во главната рунда на СП.
Македонија стартува на 2 август од 17:30 часот со дуел против Норвешка, додека на 5 август во истиот термин игра против Грузија.