Најдоброто лево крило во Женската лига за минатата сезона во изборот на 24 Ракомет, Анастасија Николовска, нема да ја менува клупската средина.
Македонската репрезентативка останува верна на Ѓорче Петров, откако со раководството на клубот постигна нов договор.
Николовска во редовите на Ѓорче Петров пристигна пред две сезони од Чаир и веднаш стана главна алка во тимот на „лавиците“.
24-годишната ракометарка потекнува од школата на Кастратовиќ. Во својата кариера беше дел и од екипите на Вардар, Пелистер и Спартак.
Македонскиот шампион претходно го продолжи договорот со голманката Слободанка Кицеска, додека прво засилување во тимот на Симе Симовски е Јована Трајкоска од Вардар.
Од Вардар во Ѓорче Петров – Трајкоска е прво засилување во македонскиот шампион