Шпанската ракометна федерација го прекина државниот шампионат во ракомет на плажа што се одрж(ува)а во Алмерија.
Дури пет учесници се повредиле од шајки во песокот, па лекарските екипи имале полни раце работа.
Потоа терените морале одново да бидат чистени, а во потрагата по опасните предмети учествувале и ракометарите и ракометарките.
Се претпоставува дека шајките во песокот се наоѓале од поодамна, но додека не биде утврдено дека е безбедно, нема да се игра.
На првенството во ракомет на плажа учестуваат 4.000 ракометари и ракометарки во различни возрасни категории.