Полскиот вицепрвак Висла Плоцк бара десен бек за новата сезона и сака да ја пополни една од најпроблематичните позиции во тимот.
Тренерот Чави Сабате се откажа од услугите на Шпанецот Давид Фернандез, кој ова лето требаше да се врати во Плоцк по едногодишната позајмица во Адемар Леон, а замина Урош Митровиќ, кој исто така нема да добие шанса во Висла.
Откако беа раскинати договорите со Митровиќ и Фернандез, Висла остана само со Чехот Томаш Пирох, а според пишувањата на „Спортове Факти“, полскиот тим се интересира за двајца ракометари.
Еден од нив е Станислав Кашпарек, кој игра за Динамо Букурешт, но таму има четири десни бекови – Гурбиндо, Хумет и Цениќ, па лесно може еден од нив да си замине.
Вториот на листата можни засилувања е Марко Паниќ, кој исто така е врзан со договор со Монпелје, но не пружи тоа што се очекуваше од него, па францускиот тим би се откажал од него.