Женската кадетска репрезентација денеска заминува за Црна Гора, каде ја очекува пријателски двомеч со домашната селекција пред стартот на Европското првенство.
Селекторот Кристијан Грчевски и неговиот стручен штаб ги одредија ракометарките што ќе ја претставуваат Македонија на континенталниот собир.
Меѓу избраните 17 се и двете ракометарки што играа на младинското ЕП што се играше во Романија – Ива Младеновска и Анастасија Трпеска.
Македонија е во група со селекциите на Унгарија, Романија и Франција и ќе има тешка задача да се избори за позитивен резултат.
Состав Македонија, кадетки:
голмани: Софи Гошевска, Дарија Наумоска, Дона Маркоска
леви крила: Маја Ристеска, Леона Миленкоска
десни крила: Андреа Конеска, Анастасија Сентовска
пивоти: Анастасија Трпеска, Хана Мифтари
леви бекови: Михаела Кралева, Сандра Трпеска, Таида Беровиќ
средни бекови: Стефани Ристиќ, Надица Максимовска, Исидора Котевска, Ева Ѓорѓиевска
десни бекови: Ива Младеновска