Првата лига во новата натпреварувачка сезона 2023/24 најверојатно ќе брои 16 екипи. Нови прволигаши се екипите на Јуниор КВ и Радовиш, кои не успеаја во минатата сезона да обезбедат опстанок во македонската елита.
На местото на Радовиш и Јуниор КВ во Супер лигата ќе играат двата дебитанти – Мулти Есенс и Аеродром. Овие две екипи завршија на прво, односно второ место во прволигашкиот плеј-оф во минатата сезона и обезбедија директен пласман во суперлигашката конкуренција.
Во Првата лига ќе учествуваат сите екипи кои што играа и лани, со исклучок на Голден Арт 2, кој реши да не пријави екипа во второто по квалитет натпреварување во Македонија.
Иако е период на подготовки и поголемиот број на прволигаши се уште го немаат потврдено ростерот со кој ќе настапат, тимовите на Младост Богданци, Драчево, засилениот Бисинов со Илиев и Паунов….се меѓу главните фаворити за високите позиции кои носат место плеј-офот а потоа и во елитната конкуренција.
Учесници за сезона 2023/24: Јуниор КВ, Радовиш, Драчево, Младост Богданци, Металург РА, Астраион, Македонија Ѓорче Петров, Кичево, Шампион, Текстилец, Овче Поле, Преспа, Јехона, Бисинов, Партизан и Борец.
До почетокот на сезоната, односно до најавената ждрепка во месец август, би можело да има промени, со оглед на тоа дека е најавена фузија меѓу Јуниор КВ и Металург РА.
Автокоманда повторно ќе „гори“: Воскреснува Металург Јуниор!