Српскиот репрезентативец Богдан Радивојевиќ е пред трансфер во македонскиот шампион Еурофарм Пелистер, пишува Спортски Журнал.
Искусното десно крило е слободно во изборот на нова средина, откако му заврши договорот со унгарскиот вицепрвак ПИК Сегед.
Радивојевиќ играше четири сезони во ПИК Сегед, беше поврзуван со трансфери во францускиот Монпелје и романскиот Динамо Букурешт, но немаше реализација.
Некогашниот член на Партизан, Фленсбург и Рајн Некар е на прагот на Еурофарм Пелистер со кој би можел одново да игра во Лигата на шампионите.
Според српскиот медиум, преговорите меѓу двете страни траат, а наскоро би можел да биде потпишан договор.
Радивојевиќ би можел да им се придружи на своите сонародници Урош Борзаш и Дарко Стевановиќ, кои веќе се членови на битолскиот тим.