Новакот со репрезентативно засилување – Сара Миновска потпиша за Металург Автокоманда!

Новиот женски клуб на ракометната мапа во Македонија, Металург Автокоманда, започна со формирањето на тимот за дебитанската сезона.

Во редовите на новакот се приклучи репрезентативката Сара Миновска, која на ЕХФ шампионатот во Скопје (2021) беше избрана за најдобро лево крило.

21-годишната ракометарка потекнува од школата на Вардар каде што ги мина сите младински категории, а последните сезони беше една од главните ракометарки во сениорскиот тим на „црвено-црните“.

Миновска има искуство и со настапи на европска сцена, со Вардар играше во рамките од Европскиот Куп, па така се очекува да биде од голема помош за новиот суперлигаш.

 

Вардар остана без капитенот, си заминаа и Трајкоска и Миновска!