Турнирот што го организира македонскиот шампион Ѓорче Петров секое лето пред стартот на сезона прерасна во традиција.
Кон крајот на август, во салата „Христо Батанџиев“ (утринските натпревари) на отвореното игралиште „Камин Кама“ (вечерните натпревари) ќе играат осум екипи поделени во две групи.
Покрај организаторот Ѓорче Петров, тука е македонскиот Вардар, а останатите тимови доаѓаат од странство.
Тоа се шампионот на јужниот сосед на Македонија, ПАОК Солун, како и Панорама, додека четири екипи се од Србија – вицепрвакот Железничар Инџија, Бекамент Аранѓеловац, потоа Бор и Црвена Ѕвезда.
Покрај Ѓорче Петров, кој е пријавен во европскиот Куп, во Европа следната сезона ќе играат и ПАОК и Железничар во Лигата на Европа.
Најавениот термин е од 24 до 28 август, но може да има поместувања за еден ден во зависност од потребите на учесниците.