Откако одлично си ја завршија работата на младинското Светско првенство во Германија, Даниело Божиновски и Виктор Начевски добија нова задача.
Македонската судиска двојка, која поседува ИХФ и ЕХФ значка, ќе биде дел од Европското првенство за кадетки во Црна Гора.
За Божиновски и Начевски ова е трет голем настан оваа година, откако беа дел и од првенството за земји во развор во април кое се одржа во источниот сосед на Македонија.
Во Црна Гора ќе бидат најдобрите 16 женски кадетски селекции, меѓу кои ќе биде и Македонија, а натпреварите ќе се играат во главниот град Подгорица во салите „Морача“ и „Верде“.
Македонија е во група со силните репрезентации на Романија, Унгарија и Франција.