Романскиот шампион Динамо Букурешт за новата сезона, во која ќе игра во Лигата на Европа, ангажираше неколку ракометари.
Раководството на клубот од романската престолнина се засили и со репрезентативниот голман на Србија, Владимир Цупара.
Голманот иако имаше актуелен договор со Веспрем, сепак, се согласи да го напушти унгарскиот гигант и да потпише за Динамо Букурешт.
Веспрем не го продаде така лесно Цупара и заработи од неговото заминување, бидејќи Динамо Букурешт на унгарскиот гигант му плати оштета од 125.000 евра, пишува „RTH Handball“.
Доколку информациите се вистините, тогаш тоа е највисоката оштета што еден романски клуб ја исплатил на трансфер пазарот.
Пред две сезони, за ангажирањето на Калифа Гедбан, кој ќе го брани голот на Еурофарм Пелистер, Динамо Букурешт му плати оштета на Адема Леон од 100.000 евра.