Тимот на Еурофарм Пелистер 2 ги стартуваше подготовките за новата сезона под водство на новиот тренер Михаил Петровски.
Едно од новите засилувања за битолскиот тим е младиот кружен напаѓач Петар Маркоски, кој имаше одлична сезона со Струга и го привлече вниманието на битолчани.
„Мило ми е што дојдов во Битола. Наидов на добар амбиент во клубот и градот. Јас сум млад ракометар, играм во два правци и одбрана и напад. Мои идоли и играчи на кои се огледувам се Пешевски и претходно Стоилов“, изјави Маркоски.
Битолчани целите подготовки ќе ги минат во салата „Боро Чурлевски“, а ќе одиграат пријателски натпревари против Прилеп, Врање и првиот тим, плус ќе настапи и на меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“.