Едно од новите засилувања за Еурофарм Пелистер 2 е десниот бек Стефан Трпчевски, кој по настапите во Македонија и странство се врати дома.
По десет години во Вардар, Вардар Јуниор, Охрид, Струга, Тиквеш, како и низа странски клубови, Трпчевски одново ќе го облече дресот на битолскиот клуб.
„Убаво е да се вратиш дома после десет години. По толку долго време се враќам назад во Битола и во Еурофарм Пелистер. Очекувам позитивен исход оваа сезона. Се надевам дека пред се ќе бидеме здрави, што е најважно за нас и се надевам дека ќе ја оствариме целта на клубот. Посакувам да се покажеме во убаво светло пред нашата публика и ќе ги задоволиме сите вкусови“, вели Трпчевски.
Битолчани вчера ги започнаа подготовките за новата сезона, а тренинзите под водство на новиот тренер Михаил Петровски ќе се одвиваат во салата „Боро Чурлевски“.