Најдобрата млада ракометарка за минатата сезона во Женската лига во изборот на 24Ракомет, Ива Младеновска, практично нема да има одмор ова лето.
По подготовките и настапот со младинската селекција на Европското првенство во Романија, Младеновска ја чека уште едно ЕП, овој во Црна Гора со кадетската репрезентација.
Откако се врати во Македонија минатата недела, Младеновска доби слободно од стручниот штаб на неколку дена да се рехабилитира по ситната повреда од Романија.
Таа од утре ќе му се стави на располагање на селекторот Кристијан Грчевски на тренинзите пред заминувањето за Црна Гора.
Во моментов стручниот штаб има на располагање 20 ракометарки на тренинзите, а ќе следува уште еден рез на списокот, по што ќе бидат познати патниците за Црна Гора.
Како дел од подготовките за настапот на ЕП, Македонија ќе одигра двомеч со домаќинот, а на континенталниот собир ја чекаат натпревари со Романија, Франција и Унгарија.