Петар Ненадиќ на пат кон Саудиска Арабија?

Најдобриот српски ракометар во последните неколку години, Петар Ненадиќ, би можел да ја продолжи кариерата во Саудиска Арабија, пишува „Моцарт Спорт“.

Тој беше поврзуван со трансфер во романскиот првак Динамо Букурешт, но не се појави на првиот собир.

Средниот бек имаше краток престој од половина сезона во францускиот ПСЖ, со кој обезбеди место на Ф4 во Лигата на шампионите, но не стигна до финалето.

Претходно долги години го носеше дресот на унгарскиот гигант Веспрем, од каде што си замина поради несогласувања со стручниот штаб.

Иако не е обелоденето кој клуб од Саудиска Арабија доставил понуда до српскиот организатор на играта, сепак јасно е дека се работи за богата понуда.

Саудијците исто така упатија понуда и до Микел Хансен, но Ненадиќ за разлика од Данецот е слободен агент и поголеми се шансите да се пресели на азискиот континент.