Амбициозниот тим на Охрид вчера ги започна подготовките за новата сезона со нов стручен штаб и реновиран играчки кадар.
Стратегот Стевче Алушовски во договор со тренерите од младинските категории во првиот тим префрлија четворица младинци.
Станува збор за Јулијан Матески, Лука Лангоски и Наум Речкоски од младинскиот погон на Охрид, а со нив во првиот тим е приклучен и Матеј Петревски од Вардар Неготино.
Охриѓани вчера стартуваа со подготовките за новата сезона, ги чекаат контролни натпревари против Вардар и Еурофарм Пелистер, а ќе бидат дел и од меморијалниот турнир „Крсте Андоновски Усташ“.