Амбициозниот Охрид означи старт на подготовките (ФОТО)

Амбициозниот тим на Охрид денес означи старт на подготовките за претстојната сезона 2023/24.

На првата прозивка во СРЦ „Билјанини Извори“ тренерот Стевче Алушовски на располагање ги имаше сите ракометари кои останаа од минатогодишниот состав, како и новите засилувања кои пристигнаа во екипата.

За оваа фаза од подготвителниот период на тренинзите ќе се работи на подобрување на физичката подготвеност, но паралелно ќе се воигрува екипата имајќи предвид дека во ростерот Охрид има дури осум нови ракометари.

Охрид за новата се засили со Бобан Ристовски, Даниел Ѓорѓески, Гоце Ојлески, Милорад Кукоски, Никола Стоилевски и тројцата интернационалци – Теимураз Орјоникидзе, Рудолф Сафранко и Берин Бркиќ.

Ракометарите на Охрид во новата сезона од регуларниот дел во Супер лигата за ривали ги имаат Струга, Куманово, Тиквеш, Аеродром, Скопје, Еурофарм Пелистер 2 и Алкалоид.

Охриѓани минатата сезона извисија од пласман во Европа, беа многу блиску до камбек на европска сцена, но завршија зад најдобрите четири екипи.