Maкедонскиот шампион Еурофарм Пелистер ова лето ќе биде дел од два турнири – во Добој и во Охрид, како дел од подготовките за новата сезона.
Организаторот на „ТВ турнирот на шампионите Добој 2023“ го одреди комплетниот распоред на натпревари.
Овој турнир ќе се одржи од 14 до 18 август, а ќе настапат осум екипи, од кои пет учесници во Лигата на шампионите за сезоната.
Битолчани се во групата со домаќинот Слога Добој, францускиот Монпелје и египетскиот Ал Ахли.
Во другата група се каталонскиот гигант Барселона, како и прваците на Хрватска, Словенија и Србија – Загреб, Целје и Војводина.
Распоред на натпреварите:
14 август:
18:30, Парада на спортот
20:30, Свечено отворање
21:15, Слога Добој – Монпелје
15 август:
17:20, Барселона – Војводина
19:10, Ал Ахли – Еурофарм Пелистер
21:00, Загреб – Целје
16 август:
15:30, Слога Добој – Еурофарм Пелистер
17:20, Барселона – Загреб
19:10, Војводина – Целје
21:00, Монпелје – Ал Ахли
17 август:
15:30, Ал Ахли – Слога Добој
17:20, Загреб – Војводина
19:10, Еурофарм Пелистер – Монпелје
21:00, Целје – Барселона
18 август:
10:00, Натпревар за седмо место
12:00, Натпревар за петто место
18:00, Натпревар за трето место
20:15, Финале
22:00, Свечено затворање