Поранешната ракометарка Марија Спасовска, која беше дел од младинската екипа на ЖРК Вардар, веќе неколку години успешно плива во музичките води.
Како дел од проектот „Македонијо во срце те носиме“, Спасовска ја препеа традиционалната македонска песна „Ој, Вардаре македонски“, која е неофицијална химна на ракометниот и фудбалскиот „црвено-црн“ клуб.
„Среќна сум што сум дел од овој проект и со посебна радост ја прифатив поканата и идејата да ја отпеам оваа песна. „Ој, Вардаре македонски“ отсекогаш била моја желба, особено затоа што сум поранешен член на Вардар, но и нивен најголем фан“, вели Спасовска за „Репортер“.
Македонската јавност ја памети младата и талентирана пејачка уште од „Поточиња”, мјузиклот „Тајно моја”, Детската Евровизија…