Прилеп се засили со поранешен младински репрезентативец на Македонија

Поранешниот младински репрезентативец на Македонија, Пеце Рајатоски е најновото засилување за Прилеп пред стартот на новата сезона.

Битолскиот десен бек минатата сезона беше дел од Голден Арт, а претходно кратко време беше дел од германски нисколигаш.

Рајатоски потекнува од школата на Еурофарм Пелистер, а во Македонија освен за матичниот клуб и Голден Арт, има настапувано и за Струга.

На меѓународна сцена го носеше дресот на косовскиот тим Кастриоти Феризај со кој играше и во европските купови.

Прилепчани претходно го промовираа новиот тренер Божидар Мојсов, средниот бек од Црна Гора – Драган Јелушиќ, голманот Давид Ацевски, пикерот Томче Трајчевски и левиот бек Никола Цветаноски.

Договорите ги продолжија Антонио Бурчески, Иван Ангелески и Христи Бикоски.