Екипата на Еурофарм Пелистер 2 за новата натпреварувачка сезона 2023/24 го ангажираше второто засилување.
Нов ракометар во вториот тим на Еурофарм Пелистер ќе биде довчерашниот интернационалец Стефан Трпчевски.
26-годишниот ракометар потекнува од школата на македонскиот шампион и се враќа во Битола по неколку интернационални искуства.
Во претходните неколку сезони играше за шпанскиот Бургос, финскиот БК-46, израелскиот Хапоел Кирјат Оно и грчкиот Фаикас Корфу.
Трпчевски во македонскиот ракомет ги бранеше боите на Пелистер, Вардар Јуниор, Вардар, Охрид, Струга и Тиквеш.
Новиот ракометар ќе се јави на прозивката на тренерот Михаил Петровски на 24 јули, а официјално ќе биде претставен во август оваа година.
Еурофарм Пелистер 2 претходно се засили со пикерот од Струга, Петар Маркоски.