Српскиот кружен напаѓач Владимир Јевтиќ и во претстојната сезона ќе ги брани боите на тимот на Бутел Скопје.
Јевтиќ потпиша нова соработка со раководството на суперлигашот и одново ќе биде еден од столбовите на одбраната и важните алки во нападот.
Србинот ги брани боите на Бутел Скопје од 2021 година и остави одличен впечаток во претходните две сезони.
Бутел Скопје претходно го промовираше новиот тренер Горан Кузманоски, а ги донесе и левите бекови Марко Стојанов и Лука Иваниќ, голманот Александар Стојаноски, десното крило Дамјан Георгиев.
Договорите беа продолжени со бековите Стефан Крстевски, Димитар Ѓоргиевски и Кристијан Давитковски, како и со голманот Бојан Блажески.