Ракометната федерација и Македонија вторпат по ред би можеле да бидат домаќини на големо натпреварување во женска конкуренција.
По домаќинството на кадетското СП 2022 во женска конкуренција, Македонија би можела вторпат по ред да го организира истиот настан.
Според информациите на 24Ракомет, нашата држава е многу блиску да ја добие организацијата, а тоа ќе значи дека во едно лето ќе има два големи настани во Македонија.
Најпрво од 19 до 30 јуни ќе се игра СП за младинки, додека терминот за СП за кадетки ќе биде во август и ќе треба да биде дополнително потврден.
Во 2022 година, Македонија беше коорганизатор на сениорското ЕП.