Македонските кадети со втор пораз од силната Унгарија

Машката кадетска репрезентација на Макеоднија по втор пат беше поразена од четвртопласираната селекција од последното Европско кадетско првенство, Унгарија, со 34:27.

Унгарската репрезентација на првиот натпревар, кој беше одигран вчера, триумфираше со 31:27.

Селекторот Раде Стојановиќ на овие два натпревари, кои ќе послужат за темпирање на формата пред настапот на Светското првенство во Хрватска, шанса им даде на сите ракометари.

Кадетите на Македонија имаа „црна дупка“ во првите 30 минути кога дозволија Унгарија од 3:3 да се оддалечи на 9:3 во 18-та минута и овие шест гола разлика на домашната репрезентација и значеа многу, бидејќи „црвено-жолто“ лесно се закануваа.

Македонија, која десет минути без без реализација, заигра поангажирано во последните десет минути од првиот дел и со грешки сведени на минимум резултатски се доближи.

По предноста на Унгарија од 14:10, следуваа погодоците на Карасманакис и Субашевски и македонската репрезентација на три минути пред крајот на првото полувреме намали на 14:12, додека на пауза домаќините заминаа со плус три позитива, 15:12.

Унгарија по неколку минути игра во вториот дел со два гола во низа зголеми на 17:12, истата разлика од пет гола ја имаше и во 38-та минута, водеше со 20:15, а во 40-та минута стигна до позитива од плус седум, 22:15.

До крајот немаше поголема резултатска предност, домаќините имаа контрола на резултатот и на крај запишаа победа од седум гола разлика.

Најефикасен во Македонија беше Дамјан Субашевски со седум гола, шест постигна Мирче Калајџиески, четири реализации имаше Валентин Карасманакис, три гола додаде Димитар Узунчев, два гола беа дело на Александар Петковски и Дамјан Митев, а по еднаш во листата на стрелци се запишаа Тодор Узунчев, Ненад Белистојаноски и Марио Стојановски.