Екипата на Куманово ја напушти и искусниот ракометар од Србија, Зоран Ѓурковиќ, кој беше меѓу истакнатите членови во суперлигашот.
Кружниот напаѓач во Куманово пристигна во вториот дел од минатата сезоната, но со раководството на клубот не успеа да се договори на нова соработка.
Со напуштањето на Ѓурковиќ, тимот на Куманово остана без странци, бидејќи од клубот си заминаа и Вучко Мрвоиќ, Немања Ѓурашковиќ и Никола Бечејац.
На Владан Кастратовиќ му заврши позајмицата, а тоа значи дека Куманово во следната сезона ќе влезе со подновен тим, како и со нов тренер.
Куманово за ривали во регуларниот дел од новата сезона во Супер лигата ги има Струга, Тиквеш, Скопје, Алкалоид, Еурофарм Пелистер 2, Аеродром и Охрид.