Прилепчанецот Адријано Котевски ќе биде вклучен во женската кадетска репрезентација на Македонија и ќе му помага на новиот селектор Кристијан Грчевски за настапот на кадетките на Европското првенство.
По завршувањето на кадетскиот континентален собир, во стручниот штаб ќе се приклучи и селекторот на женската младинска репрезентација Јулијана Дамчевска.
Котевски, кој е еден од тренерите со Мастер Коуч лиценца, моментално работи како предводник на женската екипа на Пелистер.
Тој во својата тренерска кариера работеше во младинските категории на Прилеп, потоа беше назначен за главен стратег на сениорскиот тим и успеа да го внесе во суперлигашката конкуренција.
Освен во Прилеп, беше предводник и на прволигашот Македонија Ѓорче Петров, додека во минатата сезона за прв пат започна да работи со женски тим и со Пелистер оствари солидни резултати.
Женската кадетска репрезентација на Македонија веќе ги започна подготовките за настапот на Европското првенство во Црна Гора.
Кадетките на Македонија ќе играат во група Д заедно со Романија, Унгарија и Франција.
Европското кадетско првенство ќе се одржи во Подгорица, натпреварите ќе се играат во „Морача“ и „Верде“ од 3 до 13 август.
Скратен списокот на кадетките, почнаа подготовките за ЕП во Црна Гора