Тоа што 24Ракомет го најави пред неколку дена, денеска доби официјализација – Божидар Мојсов е нов тренер на Прилеп.
Мојсов уште од самото формирање на тогашниот тим на Еурофарм Работник работеше во битолскиот тим, потоа откако клубот направи фузија со Пелистер, продолжи да ја извршува позицијата помошен тренер и собираше искуство од истакнати тренери, но и во неколку наврати беше во улога на прв тренер на македонскиот шампион.
Прилеп во меѓувреме ги потврди трансферите на голманот Давид Ацевски од Јуниор КВ, левиот бек од Струга, Никола Цветаноски, црногорскиот среден бек Драган Јелушиќ и кружниот напаѓач од Радовиш, Томче Трајчевски. Клубот ги продолжи договорите со дефанзивецот Филип Велески, голманот Иван Ангелески, кружниот напаѓач Антонио Бурчески и левото крило Христи Бикоски.
Прилепчани во новата сезона за ривали во регуларниот дел од Суперлигата ги имаат Вардар, Пролет, Мулти Есенс, Голден Арт, Бутел Скопје, Еурофарм Пелистер и Вардар Неготино.