Македонската репрезентативна голманка Матеја Серафимова ова лето сигурно ќе го памети засекогаш.
Нејзиниот сакан Александро Стефановски и предложи брак за време на летниот одмор во турскиот град Бодрум.
Серафимова одговори потврдно на понудата, а веќе беше склопен и граѓански брак во Скопје.
Македонската голманка долги години го бранеше голот на Металург, пред да започне интернационална кариера.
По Металург беше дел од грчкиот ПАОК, чешката Славија Прага, данскиот Ринкобинг и израелскиот Макаби Аразим Рамат Ган, австрискиот Егенбург, а сега е дел од Штокерау, со кој го продолжи договорот за уште две сезони.