Денеска стартуваше главната рунда на Европското првенство за младинки што се одржува во Романија.
Домаќинот, кој немаше убедливи партии во групната фаза, сепак со триумфот против досега непоразената Шведска со 42-34, останува во игра за полуфинале.
Португалките ја продолжија победничката серија откако славеа и над Швајцарија, додека Данска откако губеше на полувреме со 15-10, ја доби пресметката со Франција со 30-29.
Унгарките веќе може да го слават местото во полуфиналето на континенталниот собир по триумфот над Црна Гора.
Во групата 1, на табелата води Португалија со 4 бода, пред Романија и Шведска со по 2 бода и Швајцарија без бодови, додека во групата 2, Унгарија има 4 бода на првото место, Данска има 3, Црна Гора 1 бод, а последна е Франција без бодови.
Европско првенство, младинки, резултати:
Црна Гора – Унгарија 25-28
Португалија – Швајцарија 38-25
Данска – Франција 30-29
Романија – Шведска 42-34
Исланд – Холандија 26-32
Македонија – Норвешка 23-29
Чешка – Србија 19-19
Германија – Хрватска 34-21