Денес стартуваше ЕХФ шампионатот во младинска конкуренција во Литванија, додека на вториот ЕХФ шампионат, кој моментално се одржува на Косово, беа одиграни останатите дуели од второто коло.
На ЕХФ шампионатот во Литванија победа остварија репрезентациите на Фарски Острови, Шпанија, Словенија и БиХ.
Домаќинот Косово ја забележа првата победа, откако славеше во дуелот против Велика Британија со 28:21.
Освен Косово, победа запишаа и репрезентациите на Италија, Австрија и Полска.
Резултати од ЕХФ шампионатот во Литванија и Косово:
Шпанија – Турција 41:21 (19:10)
Летонија – Полска 17:47 (11:27)
Фарски Острови – Бугарија 46:24 (22:8)
Израел – Австрија 21:38 (8:21)
Естонија – БиХ 19:21 (8:8)
Италија – Финска 40:25 (21:6)
Словенија – Литванија 35:31 (18:12)
Косово – Велика Британија 28:21 (13:11)