Годинава во Индија за прв пат се одржа ракометен шампионат, кој привлече многу внимание во азиската земја.
Титулата на првото ракометно издание во Индија ја освои екипата на Махараштра, која во финалето го совлада тимот на Голден Иглас со 14 гола разлика, 38:24.
Еден од најдобрите стрелци во решавачкиот финален дуел беше ракометарот од Молдавија, Игор Киселев.
Модлавецот во финалето беше незадржлив, погоди 11пати и ја доби наградата за најдобар играч на натпреварот.