По склопувањето на бракот меѓу Кристијан Дисингер и Марија Андоновска, двојката ужива на хрватското крајбрежје.
Заедно со двојката се сестрата на Марија, Душица и нејзиниот сопруг Игор Карачиќ, кој своевремено му беше соиграч на Дисингер.
Вардаровата двојка и македонските сестри поминаа дел од летниот одмор на хрватскиот остров Вис и се пофалија на социјалните мрежи.
Карачиќ освои две титули со Вардар во Лигата на шампионите, а оваа сезона загуби во финалето со Келце од тимот на Магдебург.
Дисингер по заминувањето од македонскиот тим играше во романскиот Динамо Букурешт, а сега е член на катарскиот Ал Духаил.