Кореја, Кина, Јапонија, Иран…се првите патници на СП во Македонија

Kaдетките на Јужна Кореја, кои лани станаа шампионки на СП во Македонија, сега како младинки, го освоија женското Азиско првенство.

Тие во финалниот натпревар ја совладаа селекцијата Кина со убедливи 19 погодоци разлика, 34-15.

Во натпреварот за третото место, Јапонија го победи Кинески Тајпеј со 43-23, додека во битката за петто место Иран славеше против Казахстан со 27-24.

Најдобрите пет селекции од Азиското првенство, покрај Македонија, веќе се пласираа на Светското првенство за младинки, кое во 2024 година ќе се игра во нашата држава.

Во Македонија, од 19 до 30 јуни следната година, доаѓаат репрезентациите на Јужна Кореја, Кина, Кинески Тајпеј, Јапонија и Иран.