Репрезентацијата на Словачка на ЕХФ шампионатот на Косово стигна до втората победа, откако во второто коло без многу проблеми славеше против Велика Британија со 25:14.
Младинките на Словачка победата ја обезбедија уште на полувреме кога на пауза заминаа со предност од плус пет, 14:9.
Словачка во првото коло беше убедлива против домаќинот со 13 гола разлика (39:26) и во следното коло, против Финска, ќе ја брка третата победа, со која би била на чекор до пласман во полуфиналето.
Италија денес го одигра својот прв дуел и го декласираше Косово со 41:17. Во текот на утрешниот ден, младинките на Италија ќе играат против Финска.
Освен на Косово, ЕХФ шампионат во младинска конкуренција се одржува и во Литванија.