Женската кадетска репрезентација на Македонија ги одработува подготовките за настапот на Европското првенство во Црна Гора.
Избраничките на Кристијан Грчевски ќе го отворат континенталниот собир со дуел против Романија на 3 август од 15:45 часот.
Следниот ден македонските кадетки ќе играат против топ фаворитот Унгарија во пладневниот термин од 13:30 часот.
Последната средба од групната фаза против уште еден од фаворитите на ЕП, Франција, ќе се игра на 6 август во вечерниот термин од 20:15 часот.
Европско првенство, кадетки, распоред на натпревари:
3 август, 15:45, Македонија – Романија
4 август, 13:30, Македонија – Унгарија
6 август, 20:15, Македонија – Франција