Женската кадетска репрезентација на Македонија на 12 јули ќе ги започне подготовките за настап на Европското првенство во Црна Гора.
Селекторот Кристијан Грчевски ќе прозива во среда, а на поширокиот список има 35 ракометарки, меѓу кои и две што во моментов се на младинското ЕП во Романија.
Станува збор за кружниот напаѓач Анастасија Трпеска и десниот бек Ива Младеновска, кои подоцна ќе се приклучат на тренинзите.
Македонија на кадетскиот континентален собир ќе игра во групата Д со Романија, Унгарија и Франција.
ЕП ќе се одржи во Подгорица, натпреварите ќе се играат во „Морача“ и „Верде“ од 3 до 13 август.